18 years experience in the IT world!

Xerox

AITONIX е официјален дистрибутер на Xerox за печатари, мултифункционални уреди, скенери, како и оригинален потрошен материјал.

Xerox е бренд со долгогодишна историја и богато портфолио во кое нуди производи и решенија за печатење наменети за сите сегменти на пазарот. Покрај печатари и мултифункциски уреди од сите формати, монохроматски и во боја, Xerox произведува и скенери со висок квалитет, сопствени софтвери за менаџирање на печатењето, скенирањето и копирањето, како и продукциски печатари од програмите: Nuvera, DocuTech и iGen способни да отпечатат и неколку милиони страници во месецот.

Xerox е пионер во развојот на печатењето и копирањето и е присутен на пазарите скоро во сите земји од светот. Брендот Xerox е единствен пример по тоа што неговото име се користи и како глагол (во многу земји од англиското говорно подрачје наместо зборот “photocopy” се користи “xerox-ed”). Тоа јасно зборува за популарноста и присутноста на овој бренд. Создадена во 1906 година, оваа американска компанија е една од најстарите во областа на печатењето, а вработувајќи повеќе од 140.000 висoко квалификувани луѓе е и една од најголемите.

Во делот за заштита на животната средина, Xerox е исклучително активен во барањето на решенија за намалување на потрошувачката на енергија со цел да се заштити климата, да се заштитат светските шуми и разновидноста на живиот свет, како и во заштитата на чистиот воздух и вода

Денес Xerox е фокусиран на пронаоѓање нови технолошки решенија во здравството, фармацевтската индустрија, банкарството, транспортот, како и на подобрување на автоматизираните и бизнис процеси.

Види ги производите на Xerox

Нашите предности, кои се основа на долгогодишната соработка со нашите клиенти:

Богато портфолио

IT производи од реномирани светски брендови. Секогаш најнови и конкурентни модели кои одговараат на потребите на пазарот. Контактирајте го нашиот продажен тим и побарајте ја својата понуда.

Оn-stock производи

Благодарение на утврдената политика за нарачки и складирање, можеме да понудиме големо разновидност и количини на производи кои се на залиха.

Конкурентни цени

Адекватните и конкурентни цени се постојан дел од нашата понуда. А долгорочната соработка со нас секогаш ви гарантира најдобрите услови на пазарот.

Промотивни програми

Инсентиви, back бонуси, маркетинг поддршка. Нашите партнери можат да сметаат на долгорочни програми за развој и подршка, кои го стимулираат нивниот бизнис.

Одложено плаќање

Немате можност да го платите веднаш целиот износ на производите кои ви се потребни? Со нашата политика за одложено плаќање тоа нема да биде проблем.

Достава за неколку дена

Ви треба итно да го добиете тоа што го купувате? Со нас тоа не е никаков проблем. Можеме да ја испорачаме робата во текот на денот, на посакуваното од вас место.