Располагаме со модерен сервис центар, кој одговара на потребните меѓународни стандарди за работа и ги поседува соодветните сертификати за квалитет. Нашиoт висококвалификуван тим од специјалисти ќе се погрижи за поправката на вашите уреди ефективно и на време. Со долгогодишно искуство и постојана едукација и надградување во согласност со растот и развојот на технологиите, ние сме способни да ги решиме и најсложените проблеми. Имаме голем број резервни делови во нашиот магацин, што ни дава можност да одговориме во секое време на барањата за постпродажна поддршка и да им обезбедиме на нашите клиенти брзи услуги со највисок квалитет.