18 years experience in the IT world!

Microsoft

AITONIX е официјален дистрибутер на Microsoft во делот на количинско лиценцирање (Volume Licensing). Во делот на количинско лиценцирање има повеќе програми кои што Microsoft ги има дизајнирано за различните потреби на корисниците. Во нашето портфолио може да се понудат следните програми:

  • OLP (Open License Program) – програма во која што спаѓаат лиценци кои што се трајни и преносливи. Овие лиценци не се врзуваат за хардверот на кој што се користат. Лиценците од оваа програма може да се понудат и со дополнителен пакет (Software Assurance) кој овозможува користење на најновите верзии во наредните 2 години од денот на купување.
  • OV (Open Value) – програма со која се склучува 3 годишен договор за потребните лиценци. После третата година лиценците остануваат во сопственост на крајниот корисник. Оваа програма им дава можност на корисниците да ги платат лиценците на 3 годишни рати. Лиценците од оваа програма може да се понудат и со дополнителен пакет (Software Assurance) кој овозможува користење на најновите верзии во наредните 3 години од денот на купување.
  • OVS (Open Value Subscription) – програма со која се случува 3 годишен договор за користење на лиценци. Оваа програма претставува годишна претплата за користење на потребните лиценци, кои што може да се менуваат (дополнуваат или намалуваат) пред секоја годишна обнова на лиценците. Лиценците од оваа програма може да се понудат и со дополнителен пакет (Software Assurance) кој овозможува користење на најновите верзии во наредните 3 години од денот на купување.

Овие програми се делат во 3 сегменти:

  • Лиценци за комерцијални корисници
  • Лиценци за јавни институции и
  • Лиценци за академски институции (основни и средни училишта, факултети, приватни училишта, училишта за странски јазици и други академски институции)

Посебно внимание Microsoft посветува на делот на cloud лиценците, од кои што најпобарувани се лиценците Office 365 кои покрај office алатките, содржат и алатки за безбедност и заштита од злонамерни софтвери, дополнителен 1ТБ простор на OneDrive, Microsoft SharePoint, е-маил лиценца и многу други дополнителни алатки кои што ја олеснуваат работата на крајните корисници.

За подетални информации околу продуктите на Microsoft и начинот на лиценцирање, можете да се обратите до нашиот стручен тим кој ќе ви помогне во изборот на вистинскиот продукт за вас.

Види ги производите на Microsoft

Нашите предности, кои се основа на долгогодишната соработка со нашите клиенти:

Богато портфолио

IT производи од реномирани светски брендови. Секогаш најнови и конкурентни модели кои одговараат на потребите на пазарот. Контактирајте го нашиот продажен тим и побарајте ја својата понуда.

Оn-stock производи

Благодарение на утврдената политика за нарачки и складирање, можеме да понудиме големо разновидност и количини на производи кои се на залиха.

Конкурентни цени

Адекватните и конкурентни цени се постојан дел од нашата понуда. А долгорочната соработка со нас секогаш ви гарантира најдобрите услови на пазарот.

Промотивни програми

Инсентиви, back бонуси, маркетинг поддршка. Нашите партнери можат да сметаат на долгорочни програми за развој и подршка, кои го стимулираат нивниот бизнис.

Одложено плаќање

Немате можност да го платите веднаш целиот износ на производите кои ви се потребни? Со нашата политика за одложено плаќање тоа нема да биде проблем.

Достава за неколку дена

Ви треба итно да го добиете тоа што го купувате? Со нас тоа не е никаков проблем. Можеме да ја испорачаме робата во текот на денот, на посакуваното од вас место.