18 years experience in the IT world!

Dell

AITONIX е официјален дистрибутер на Dell во Македонија за commercial сегментот (бизнис производи како сервери, сториџи, лаптопи, монитори итн).

Од промовирањето на првиот Dell компјутер во 1986 годina, Dell продолжува да ја креира индустријата со отворање на нови полиња и пионерни откритија за домот, малите и големите бизниси. Компанијата ги собира мислењата и барањата на потрошувачите директно преку илјадници секојдневни интеракции со потрошувачите, преку настани, социјални медиуми и клиентски панели.

Одржувајќи силни внатрешни можности за развој, компанијата Dell обезбедува иновации кои им даваат дополнителни вредности на потрошувачите. Истражувачките и развојни напори на Dell сега го обиколуваат светот, водени од страна на најпознатите светски дизајнери и инженери на IT производи. Во основата на пристапот на Dell кон иновациите останува непоколебливата посветеност да се реализираат нови и подобри решенија кои што директно се среќаваат со потребите на корисниците.

Dell го води внесувањето на стандарди и технологии преку индустриски групи и стратешки партнери. Компанијата во поголемиот дел е партнерски ориентирана наместо да се натпреварува со врвните индустриски добавувачи и производители на технологии. Овие партнерства и овозможуваат уникатно широка перспектива на полето на компјутерските услуги. Оддадена е на доставување на услуги, решенија и производи на потрошувачите, за потребите на нивните бизнис цели и во согласност со нивниот животен стил.  Со слушање на клиентите, Dell продолжува да ги идентификува областите во кои да ги прошири своите понуди и се проширува преку добивање на компании, експерти во своите области.

Dell верува дека треба да служи на потрошувачите на овие компаниите зачувувајќи ги нивните предности и карактеристиките кои ги прават успешни. И воедно со тоа, внесувајќи ги силните страни на Dell за зголемување на бизнисот и глобално проширување на Dell понудите.

Види ги производите на Dell

Нашите предности, кои се основа на долгогодишната соработка со нашите клиенти:

Богато портфолио

IT производи од реномирани светски брендови. Секогаш најнови и конкурентни модели кои одговараат на потребите на пазарот. Контактирајте го нашиот продажен тим и побарајте ја својата понуда.

Оn-stock производи

Благодарение на утврдената политика за нарачки и складирање, можеме да понудиме големо разновидност и количини на производи кои се на залиха.

Конкурентни цени

Адекватните и конкурентни цени се постојан дел од нашата понуда. А долгорочната соработка со нас секогаш ви гарантира најдобрите услови на пазарот.

Промотивни програми

Инсентиви, back бонуси, маркетинг поддршка. Нашите партнери можат да сметаат на долгорочни програми за развој и подршка, кои го стимулираат нивниот бизнис.

Одложено плаќање

Немате можност да го платите веднаш целиот износ на производите кои ви се потребни? Со нашата политика за одложено плаќање тоа нема да биде проблем.

Достава за неколку дена

Ви треба итно да го добиете тоа што го купувате? Со нас тоа не е никаков проблем. Можеме да ја испорачаме робата во текот на денот, на посакуваното од вас место.