18 years experience in the IT world!

Академија за обуки и развој

Најновиот фокус во работењето на AITONIX е создавањето на академија за обуки и развој, која ќе понуди квалитетни и модерни системи за лично и професионално унапредување, поделени во следните основни категории: ИТ (програмирање и технологии), продажби, комуникација и ефективност, маркетинг.   

Академијата за обуки и развој е нов дел од компанијата AITONIX чија цел е да изгради квалитетен систем на припрема, едукација и подготовка на работен кадар и да помогне да се развие и надгради капацитетот на лица, кои сакаат да достигнат до посакуваното вработување или унапредување.  

Едукативниот процес е изграден врз основ на детален подбор на актуелни теми, кои се важни и побарувани од бизнис заедницата, стручни експерти и интерактивна наставна програма, која овозможува на секој курсист да ги добие посакуваните нови вештини лесно и брзо.

Системот на едукација на AITONIX академијата е основан на  ГК методологијата  и ги применува сите нејзини успешни стратегии и процеси, за достигнувањето на максимални резултати. Во основот на методологијата се крие успешниот начин на инспирација, со кој се разоткрива целосниот потенцијал на курсистите и се даваат успешни, практични стратегии за персонален и професионален развој.

Ние веруваме дека секој човек може да ги развие своите квалитети и да ги достигне своите сништа. Без разлика на возраст, пол или место на живеење. Нестрпливи сме да се запознаеме со сите ентузијасти, кои сакаат да го подобрат својот живот на професионален пат и среќни сме да им понудиме одлични варијанти за да го направат тоа – од квалитетна обука, па се до вработување во модерна и успешна компанија. Ве очекуваме!

Информациони технологии

Продажби

Комуникација и ефективност

Маркетинг

Презентациски план

Коучинг

За повеќе информацииacademy@aitonix.mk