18 years experience in the IT world!

Acer

AITONIX е официјален дистрибутер на Acer во Македонија. Нудиме широко портфолио од  производи на компанијата. Acer е посветена на дизајнирање на IT производи кои ја подобруваат употребливоста и додаваат вредност кон клиентските потреби, независно од тоа дали станува збор за работа или за забава.

Компанијата верува дека иновациите не се само создавање на нови технологии и решенија, туку се гаранција дека корисниците ќе ги користат бенефитите и ќе се чувствуваат навистина окрилени. Acer се фокусира на изработувањето на еколошки производи, а со своите партнери има воспоставено “зелен” синџир на снабдување.

Во категоријата на PC производи, кои ги нуди компанијата Acer, влегуваат лаптопи и десктоп компјутери, монитори и проектори. Под брендот на Acer припаѓаат познатите кориснички производи од серијата Aspire, бизнис производите од сериите TravelMate и Veriton, гејминг серијата Predator.

Acer разбира дека корисниците се суштината на нивниот бизнис, затоа компанијата има пристап ориентиран кон корисниците и тоа е една од нејзините вредности и основа на сите одлуки. Acer верува дека прв приоритет треба да се постави на слушањето и задоволувањето на корисничките потреби, а потоа да се достават првокласни производи и услуги. Овој начин на размислување започнува од технолошкиот концепт, поминува преку истражувањето и дизајнирањето, и стига до достава и ефикасни постпродажни услуги.

Види ги производите на Acer

Нашите предности, кои се основа на долгогодишната соработка со нашите клиенти:

Богато портфолио

IT производи од реномирани светски брендови. Секогаш најнови и конкурентни модели кои одговараат на потребите на пазарот. Контактирајте го нашиот продажен тим и побарајте ја својата понуда.

Оn-stock производи

Благодарение на утврдената политика за нарачки и складирање, можеме да понудиме големо разновидност и количини на производи кои се на залиха.

Конкурентни цени

Адекватните и конкурентни цени се постојан дел од нашата понуда. А долгорочната соработка со нас секогаш ви гарантира најдобрите услови на пазарот.

Промотивни програми

Инсентиви, back бонуси, маркетинг поддршка. Нашите партнери можат да сметаат на долгорочни програми за развој и подршка, кои го стимулираат нивниот бизнис.

Одложено плаќање

Немате можност да го платите веднаш целиот износ на производите кои ви се потребни? Со нашата политика за одложено плаќање тоа нема да биде проблем.

Достава за неколку дена

Ви треба итно да го добиете тоа што го купувате? Со нас тоа не е никаков проблем. Можеме да ја испорачаме робата во текот на денот, на посакуваното од вас место.